Финансии

„Фајнанс тинк“: Порастот на платата во јануари и падот во февруари се од сезонски ефект

24.04.2018 13:16

За јануарската просечна плата, „Фајнанс тинк“ појаснува дека се работи главно за сезонски ефект, кој се јавува вообичаено поради исплаќањето годишни додатоци на плата, а не резултат на порастот на минималната плата.

Порастот на платата во јануари и падот во февруари се од сезонски ефект, смета Институтот за економски и политички истражувања „Фајнанс тинк“. Според институтот, наглиот пораст на просечната плата во јануари годинава не може да се толкува дека е резултат на порастот на минималната плата, а забележаниот значителен пад во февруари не е за изненадување.

За јануарската просечна плата, „Фајнанс тинк“ појаснува дека се работи главно за сезонски ефект, кој се јавува вообичаено поради исплаќањето годишни додатоци на плата, а не резултат на порастот на минималната плата.

Во истата мера, значителниот пад на платата во февруари 2018-та е, во голема мера, сезонски ефект, главно поради пократок месец, и не се должи на потенцијално лоши економски фундаменти, појаснуваат од Институтот.

Просечната нето плата за 2018-та година ќе се движи околу 24 илјади денари, оценува Институтот за економски и политички истражувања „Фајнанс тинк“.