ВМРО-ДПМНЕ: Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња

24.04.2018 13:32

Според партијата, обвинетите се на слобода, исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Не постои никаков интерес сторителите на грозоморната егзекуција да бидат ставени зад решетки.

Картелот на власт на чело со Зоран Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковско Езеро и ја манипулира целата јавност, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, обвинетите се на слобода, исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Не постои никаков интерес сторителите на грозоморната егзекуција да бидат ставени зад решетки.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека родителите на свирепо убиените момчиња, пред 6 години чекаат Заев да ја каже вистината, која тврдеше дека ја знае. Заев морбидно си поигрува со нивните чувства и секој ден измислува нова лага, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.