Новиот украински премиер ќе се знае в четврток
Во земјата веќе почна кампањата за предвремени претседателски избори кои се закажани за 25 мај...

Украинскиот парламент денеска нема да ги именува новиот премиер и преодната Влада, седницата е презакажана за в четврток. Гласањето за Владата на национално единство ќе биде по два дена затоа што се потребни поголеми консултации, изјави Олександар Турчинов, привремениот претседател.
Во земјата веќе почна кампањата за предвремени претседателски избори кои се закажани за 25 мај. Како термин за предвремените парламентарни избори се спомнуваат јуни или октомври.
Европската унија ја разгледува можноста да му одобри на Киев краткорочни и долгорочни кредити, изјави денеска во Киев шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.
Украинскиот Парламент денеска изгласа на поранешниот претседател Виктор Јанукович, кој е во бегство да му суди Меѓународниот суд во Хаг, за сериозни кривични дела.
