Издадена 30- годишна државна обврзница на македонскиот пазар на капитал

24.04.2018 14:35

Обврзницата ја купија приватните пензиски друштва и осигурителни компании. Од финансии велат дека издавањето на долгорочни хартии од вредност го намалува ризикот на рефинансирање на јавниот долг...

За првпат издадена 30- годишна државна обврзница на македонскиот пазар на капитал. Задолжувањето е 19,5 милиони евра, половина од побарувачката од страна на инвеститорите.  Каматна стапка е 4,85 проценти- информираше Министерството за финансии.

Обврзницата ја купија приватните пензиски друштва и осигурителни компании. Од финансии велат дека издавањето на долгорочни хартии од вредност го намалува ризикот на рефинансирање на јавниот долг, и објаснуват оти тоа претставува сигнал за довербата на инвеститорите во домашната економија.

Македонија со Словенија се двете земји од регионот кои издале 30-годишни обврзници, по примерот на западните земји.