Спектакуларно откритие

Откриени фосилни остатоци од слон од пред осум милиони години

24.04.2018 15:41

Во Долни Дисан, Неготинско, архелозите денеска го покажаа едно од големите палеонтолошки откритија во Македонија. Фосилните остатоци на слон од пред осум милиони години. Археолозите од Македонија и Бугарија во оваа прва сеопфатна експедиција се воодушевени и велат, Македонија е на палеонтолошката европска мапа. До крајот на годинава предокот на слонот ќе биде изложен во Природонаучниот музеј на Македонија...

Македонија на јавноста ѝ го претстави едно од своите најспектакуларни палеолонтолошки откритија. Еден од предците на слоновите, мастодонт, од пред осум милиони години. Родот е познат во Македонија и Европа, велат археолозите, но за прв пат на едно место наоѓаат повеќе коски. Откритието има светско значење.

„Овие истражувања не се само од локално значење, туку големи за научниот свет. Очекуваме, а веќе и имаме откритие од светско значење“, изјави Николај Спасов, Природонаучен музеј на Бугарија.

Се открива и возраста на слонот. Археолозите се надеваат на нови спектакуларни откритија. Во месноста Змијовец можни се остатоци од првите пралуѓе.

Ваквите наоди овозможуваат директна врска со далечното минато и можна е три де презентација за туристички цели.

Денеска ќе се извадат фосилизираните остатоци на слонот и заедно со претходно извадените коски да се конзервираат. До крјаот на годинава  предокот на слонот да биде изложен во Музејот на Македонија.

 

Елизабета Митреска