Шчербак: Граѓаните на референдум треба да решат дали се за членство во НАТО

24.04.2018 16:39

НАТО не е елитен голф клуб, не е хуманитарна организација, не е школо на миротворци. Тоа е цврста воено- политичка структура изградена по принцип на мафија, смета рускиот амбасадор во земјава...

Македонија да не го прифаќа притисокот за избор меѓу западот и истокот- изјави рускиот амбасадор во земјава, Олег Шчербак. Според него, граѓаните на референдум треба да решат дали се за членство во НАТО.

„НАТО не е елитен голф клуб, не е хуманитарна организација, не е школо на миротворци. Тоа е цврста воено- политичка структура изградена по принцип на мафија, каде шефот на мафијата одлучува за сѐ, а сите други имаат улога на извршители“, вели амбасадорот Шчербак.

Многу опасна игра е, и ние не би сакале тоа што НАТО го користи принципот на евро-атлантска солидарност и воопшто не сакаме во оваа авантура да биде вовлечен и братскиот народ на Македонија. Да го претворат во топовско месо на НАТО, а територијата на вашата прекрсана земја да ја претворат во уште една база. Поради тоа сосема е логична нашата негативна реакција за таа идеја, рече рускиот амбасадор во земјава.

Амбасадарот Шчербак смета дека сите придобивки од НАТО се пропагандистички мит.