ЕУ и ОН собираат финансиска помош за Сирија
24.04.2018 17:08
Присуствуваат учесници од над 85 земји и организации на министерско ниво, како и над 200 невладини организации.
Европската унија и Обединетите нации на дводневна меѓународна конференција собираат финансиска помош за Сирија и политичка поддршка за преговорите за кризата. Присуствуваат учесници од над 85 земји и организации на министерско ниво, како и над 200 невладини организации.
По воздушните напади предводени од САД врз објектите каде што, според нив, се произведува и чува хемиско оружје во сирија, конференцијата, втора по ред, доби поголемо внимание.
