Договор од 7,3 милиони евра за концесија за мермер во Долнени и Прилеп
Во Долнени потпишан договор за концесија за истражување мермер вреден 7,3 милиона евра. Концесионерството го доби македонско-турската компанија Волостон која ќе вложи уште 22 маилиони евра и ќе вработи 500 луѓе. Парите од концесијата, вкупно 5,7 милиони евра ги добија Долнени и Прилеп, а ќе бидат за инфраструктурни проекти. Министерството за економија смета дека ова е пример за поттик и на домашните компании и креирање нови работни места

Македонско-турската компанија „Волостон“ за 7,3 милиона евра стана концесионер за геолошки истражувања на мермер на локалитетот Самарница на површина од 4.6 километри квадратни која ги зафаќа Прилеп и Долнени. Инвеститорот ќе вложи уште 22 милиони евра, а ќе вработи 500 работници.
Од 7,3 милиони евра, 78 насто пари се за Прилеп и Долнени, поточно, Долнени добива 3,7 милиони зашто две третини од површините се на територијата на оваа општина, а Прилеп со една третина добива околу 2 милиони евра. Парите се легнати на нивните сметки и се главно за инфраструктурни проекти.
Ова инвестиција, која е и највисоко постигната цена за концесија за мермер, е пример за поттик и на домашните компании, за успешна примена на владините економски мерки и креирање нови работни места.
На потшишувањето на договорот во Долнени за концесијата за мермер присуствуваше и министерот за животна средина Садула Дураки.
Елизабета Митреска
