Американски конгресмени бараат од Столтенберг прием на Македонија во НАТО
Охрабрени сме од напредокот во разговорите под покровителство на Обединетите нации, како и од подготвеноста на македонските и на грчките лидери да ги унапредат односите, стои во писмото.

Единаесет конгресмени предводени од Џим Бенкс од Индијана, испратија писмо до генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, со кое бараат покана за полноправно членство на Македонија во НАТО.
Охрабрени сме од напредокот во разговорите под покровителство на Обединетите нации, како и од подготвеноста на македонските и на грчките лидери да ги унапредат односите, стои во писмото.
Конгресмените потсетуваат дека Македонија покажа подготвеност за партнерство и со учеството во операциите на НАТО во Косово и во Авганистан, а на наша страна застана и во Ирак.
Ве охрабруваме да ја поканите Македонија за членство во Алијансата. Таквиот решителен чекор не само што е од интерес за Алијансата туку е и од интерес на нашата перспектива, против руската агресија, стои во писмото на американските конгресмени до првиот човек на НАТО, Столтенберг.
