Почнува 30. Саем на книгата

03.05.2018 10:42

Промоции, дружења со автори, семинари, ќе бидат дел од годинашното јубилејно 30- то издание на Саемот на книгата што почнува денеска и ќе трае до 9- ти мај. Најавено е учество на околу 70 издавачки куќи од Македонија и од регионот.

Најновите изданија од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручни и научни книги, белетристика, енциклопедии, книги за деца и млади. 30- то јубилејно издание на Саемот на книгата ќе ги обедини издавачите од Македонија и од регионот.

Годинава саемот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, ќе трае од 3-ти до 9-ти мај. На Саемот на книга, најавено е учество на околу 70 издавачки куќи од Македонија и од регионот, како Србија, Црна Гора, Косово, Албанија.

Ова е место каде што се претставуваат најголемите домашни и странски издавачи, а бројот на посетители се движи околу 45.000. Во деновите на Саемот, посетителите ги очекуваат промоции, тематски средби и изложби.

За подобар пристап, ЈСП воведе две нови автобуски линии од различни краеви на Скопје кои ќе водат до арената „Борис Трајковски“. Влезот за сите групни, организирани посети на ученици ќе биде бесплатен.

 

Александра Спировска