ВАШИНГТОН

Обвинители и судии на мексиканската граница

03.05.2018 10:45

Главниот американски обвинител Џеф Сешнс потенцира дека на ниеден начин нема да се толерира масовно собирање на преминот.

Белата куќа прати 35 обвинители и 18 судии за имиграциски дела на границата со Мексико поради бранот нелегални имигранти кои се обидуваат да влезат на територија на САД.

Главниот американски обвинител Џеф Сешнс потенцира дека на ниеден начин нема да се толерира масовно собирање на преминот.

Десетици луѓе од Хондурас, Гватемала и Салвадор минаа неколкуноќи во реонот Тихуана за да бараат азил во Соединетите држави.