Етингер: ЕУ има буџетско решение во случај на проширување
Нацртот за новиот буџет на блокот предвидува значително зголемување на средствата наменети за претпристапна помош за Западен Балкан, што според еврокомесарот, е важна одлука пред самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија.

Еврокомесарот на буџет Гинтер Етингер тврди дека има решение доколку во буџетскиот период од 2021 до 2027 година дојде до влез на нови членки во Унијата. Нацртот за новиот буџет на блокот предвидува значително зголемување на средствата наменети за претпристапна помош за Западен Балкан, што според еврокомесарот, е важна одлука пред самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија.
„Предлогот за новата финансиска рамка не предвидува буџет за потенцијална нова членка, но во случај да се појави нова членка постојат инструменти за финансирање кои се предвидени со договорот на ЕУ“, изјави Етингер.
Нацрт-верзијата од Европската комисија не е прифатен од сите членки. Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека е неприфатлив во сегашната форма иако има позитивни елементи.
