Ракомет

Потребни три ”црвено-црни“ бода

25.02.2014 14:49

Си добија противник на хартија Вардарци во ракометната осминафинална шампионска нок-аут фаза, бранителот на тронот Хамбург. Сега останува на 15 или 16 март во пеколната арена Борис Трајковски да го добијат и на терен, но дотогаш имаат за одработување во СЕХА друштвото.

Вечерва на домашен паркет ќе се истрча против Војводина по бодови исклучително битни за фајнел-фор завршницата, која што е право, е многу поблиску по победата кај Татран.

Табеларниот поредок сеуште е згуснат. Вардарци се трети со минус 5 бода од Татран, шест од Загреб. Во Хрватска денеска на гости е белоруски Мешков, тим кај пак му дише во врат на Мак шампионот со бод помалку. Пораз на белорусите ќе значи и зголемување на шансите на нашиот втор СЕХА претставник Металург, за доближување кон 4-ката за завршницата.

Но, она што е за вечерва на скопски терен битно, е дека фаворитската улога не е доведена во прашање, Мак шампионот е тимот за кој се планираат трите бода, но треба да се одработат и прокнижат.

Вардар-Војводина, 17.45 СРЦ Кале и МРТ еден.