МОСКВА

Се урна руски воен авион над Средоземното Море

03.05.2018 12:52

Руското министерство за одбрана соопшти дека двајцата пилоти до последен миг се обидувале да го спасат авионот...

Руски воен авион СУ-30 се урна над Средоземното Море при што загинале двајца пилоти. Леталото се урнало по полетување од аеродром во базата Хмејмим во Сирија.

Руското министерство за одбрана соопшти дека двајцата пилоти до последен миг се обидувале да го спасат авионот, додавајќи дека не било пукано кон авионот.