Бошњаковски: Вработените во „Еурокомпoзит“ во понеделник ќе добијат плата
Договорот е постигнат доцна синоќа, по што тие се повлекле од пред владината зграда каде протестираа. Како што информираше Бошњаковски, направен е заемен договор во кој и вработените преземале обврски и денеска се наоѓаат на работните места.

Постигнат договор меѓу Владата и вработените од „Еурокомпозит“. Штрајкот прекинат. Од понеделник, на сите вработени ќе им се исплати платата, информира владиниот портпарол Бошњаковски.
Договорот е постигнат доцна синоќа, по што тие се повлекле од пред владината зграда каде протестираа. Како што информираше Бошњаковски, направен е заемен договор во кој и вработените преземале обврски и денеска се наоѓаат на работните места.
Сите вработени преземаа обврски да ја извршуваат работата со цел да се обезбеди прилив на средба во период кога Владата работи на решавање на состојбата, рече владиниот портпарол.
Тој кажа и дека вработените барале промена на менаџерскиот тим во „Еурокомпозит“, што е веќе направено пред две недели.
