Дипломатија

Димитров и Коѕијас на разговори за името во Солун

03.05.2018 13:42

Грција останува на барањата за уставни измени и едно име за севкупна употреба. Премиерот Заев верува дека е можно решение до Самитот на НАТО.

Во Солун, нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас. Двајцата министри ќе учествуваат на четирипартитниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија.

Грција останува на барањата за уставни измени и едно име за севкупна употреба. Премиерот Заев верува дека е можно решение до Самитот на НАТО.

Димитров и Коѕијас за идниот петок закажаа нов состанок, во Сунио, во близина на Атина. Ќе учествуваат на министерската средба на Вишеградската група и на Западен Балкан.