ЊУ ДЕЛХИ
Расте бројот на жртви во песочните бури во Индија
03.05.2018 14:54
Бурите предизвикале и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а уништиле и повеќе куќи и добиток.

Стотина луѓе настрадале, а над 140 биле повредени во жестоките песочни бури што ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш.
Бурите предизвикале и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а уништиле и повеќе куќи и добиток.
Најголемиот број од жртвите загинале од паднати стебла или уривање на ѕидови поради силните ветришта.
