НБРМ ја задржува проекцијата за раст на БДП од 3,2 проценти

03.05.2018 15:02

Извозот, инвестициите и личната потрошувачка ќе бидат носечки фактори. Предвидено е инфлацијата да остане два процента.

Раст до 3,2 насто годинава, 3,5 проценти за наредната. Народна банка ги објави проекциите за македонската економија. Извозот, инвестициите и личната потрошувачка ќе бидат носечки фактори. Предвидено е инфлацијата да остане два процента.

Ако институцијата одреден период остане без прв човек, гувернерот Богов вели- може да се нарушат независноста и работењето на Народна банка.

Сите кои велат дека НБРМ може да функционира без гуверенер или не се добро информирани или, пак, знаат добро во што ја впуштаат македонската економија.  Некои одговорности на гувернерот се исклучиво негови, како донесување одлуки за каматни стапки, ликвидност или за банкарскиот сектор и не може да се префрлат на други, оти ги носи само гувернерот. Тоа ќе биде сериозна закана за стабилноста на економијата – рече Богов.
 
Посебно проблематично ќе биде, вели Богов, доколку се повторат одредени шокови какви што имавме во одделни години до 2015-та година.