70 издавачки куќи од Македонија и од регионот на 30-от Саем на книга
Промоции, дружења со автори, семинари, дел од годинашното јубилејно 30-то издание на Саемот на книгата што почнува денеска и ќе трае до 9-ти мај. Најавено е учество на околу 70 издавачки куќи од Македонија и од регионот...

„Читајте книги, не седете пред компјутер“- ова е пораката од најмладите на отворањето на 30-тото јубилејно издание на Саемот на книгата. Со нетрпение чекаа да се отворат портите на ВИП арената во салата „Борис Трајковски“. Таму ги очекуваат најновите изданија адаптирани за нивна возраст.
Најновите изданија од домашни и од странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, енциклопедии, книги за млади и деца. Саемот на книгата ќе обедини 70 издавачи од Македонија и од регионот.
Ова е место каде што се претставуваат најголемите домашни и странски издавачи. Бројот на посетители се движи околу 45.000. Додека трае Саемот, посетителите ги очекуваат промоции, тематски средби и изложби.
За подобар пристап до саемот, ЈСП воведе две нови автобуски линии од различни делови на Скопје кои ќе водат до ВИП арена „Борис Трајковски“, а влезот за сите групни организирани посети на ученици ќе биде бесплатен.
Александра Спировска
