Слободните медиуми- најефикасен инструмент против авторитаризмот
Слободни и независни медиуми се најефикасен инструмент против авторитаризмот и тоталитарната власт, порака на Меѓународниот ден. Новинарите ѝ посочија на власта дека транспарентноста е подобрена, но тоа не го практикуваат сите министри. Горлив проблем- ниските плати на медиумските работници...

Се критикуваше власта, но и еснафското здружение, медиумската заедница после една деценија со отворена дискусија за состојбите во фелата. Согласни се- напредок има, но потребни се сериозни реформи. Сѐ уште постојат владини функционери кои ја попречуваат работата на новинарите.
Владата ќе направи напор секој функционер да стане достапен за новинарите, реплицираше министерот Поповски. Но, според него, промените се видливи. Сѐ повеќе има критички текстови. Медиумската сфера по 10 години е ослободена од политички притисоци и Владата нема да се меша во работата на новинарите.
Нотирано е во извештајот на Европската комисија кои се предизвиците, но сепак потсетија- властите ќе мора да се изборта за нулта толеранција на насилството спрема новинарите.
Од Стејт Депармтентот со порака- новинарите да си го вратат изгубениот кредибилитет кај јавноста, одбивајќи да сработуваат непрофесионални текстови. Синдикатот повика на соработка.
На Денот на слободата на медиумите, власта со ветување дека ќе се избори за унапредување на јавниот радиодифузен сервис и за професионализација на Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.
Фиљана Кока
