Дефинитивна одлука...
Уметничкото сребро на корејкта Ким Јуна истовремено значеше збогум од понатамошен настап под 5-те кругови. Иако има простор за уште, со своите 23 години, сепак корејката се одлучи за олимписко, доста.
Со доаѓањето во Сочи како бранителка на златото од Ванкувер беше ослободена од притисокот за повторување на најблескавиот момент, па оттука и сите муабети сега, за неа не значат ништо лично.

Ким вели дека воопшто не е донесена одлуката за повлекување врз база на постојаните полемики, кои сеуште не стивнуваат по последната финална вечер во уметничкото лизгање и дамите во неа. Натежнуваат мислењата на страната на Ким како од секој аспект нејзиното е поубаво излизгано на последната презентација, од златната 19 годишна русинка Сотникова. Руската блискоста со судиите е делот од точката која се потенцира. Ким смирена и скромна она што ја краси нежната корејка вели, дека таа е најмалку повикана да коментира било чии настап, а уште помалку судиска одлука. Задоволна е од својот настап и тоа е доволно за неа. Ќе додаде..”уживав во лизгањето и затоа можеби и постигнав се што е нај послакувано, затоа и мислам дека е дволно.“
Како и да е златното одличје на Сотникова се запишува како прво руско олимписко.
Остана пак и натаму Катарина Вит како лизгачка на која и успева да одбрани олимписко злато, а сеуште се недостижни трите врзани на норвешката лизгачка Хение во олимписките почетоци.
Следните Олимписки игри се во матична земја на Ким, па можеби и нација ќе изврши притисок за враќање на својата нежна, грациозна убавина на мразот.