Финансии

Богов: Без гувернер, НБРМ не може да функционира

03.05.2018 16:17

Раст до 3,2 насто годинава, 3,5 проценти за наредната. Народна банка ги објави проекциите за македонската економија. Извозот, инвестициите и личната потрошувачка ќе бидат носечки фактори. Предвидено е инфлацијата да остане два процента. Ако институцијата одреден период остане без прв човек, гувернерот Богов вели- може да се нарушат независноста и работењето на Народна банка.

Народната Банка без гувернер не може да функционира. Може да се блокира работата на оваа институција и да им сериозни негативни импликации по одлуките за стабилноста на денарот, каматите на банкарскиот сектор, ризици по целата економија- вели првиот човек на оваа инстируција, чиЈ мандат истекува на 21-ви мај годинава. Со став дека Законот е усогласен со европскиот и јасно диткира дека мора да е гувернер, Богов очекува партиски консензус, да се избере човек професионалец.

„Сите што мислат дека НБРМ може да функционира без гувернер или не се добро информирани или, пак, знаат добро во што ја впуштаат македонската економија. Некои одговорности на гувернерот се исклучиво негови, како донесување одлуки за каматни стапки, ликвидност или за банкарскиот сектор и не може да се префрлат на други. Оставањето на НБРМ без гувернер ќе има негативни импликации врз економијата, со оглед на тоа што оваа институција има значајни функции, односно се грижи за ценовната сатабилност преку стабилен курс на денарот во однос на еврото и за сигурноста на банкарскиот систем“, изјави гувернерот Димитар Богов.

Народната банка ја задржува октомвриската проекција за раст на македонската економија, до 3,2 насто годинава, со тенденција на зголемување на 3,5 проценти в година. Очекува движечки фактори да бидат извозот, приливот на нови инвестициите, личната потрошувачка. Инфлацијата останува на проектираните два проценти, ризиците поврзани со неизвесноста околу увозните цени.

„Се очекува дека главен фактор ќе биде извозот, особено од новите производствени капацитети, очекуваниот прилив на нови странски инвестиции, но и од закрепнувањето на дел од традиционалните сектори. Се очекува дека инвестициите да дадат значителен поттик за растот во двете години, бидејќи се предвидува солиден раст по падот од 2017-та година, при подобар амбиент за инвестирање на домашните инвеститори. И очекувањето во поглед на движењето на потрошувачките цени во глобала се непроменети, со извесни отстапувања во компонентите“, посочи гувернерот Богов.

Кај депозитите се очекува раст од 6,4 проценти за годинава и 6,5 проценти во наредната година. Кај кредитната активност, 6,5 односно 7,7 проценти. Банкраскиот сектор ќе биде стабилен, ликвиден и добро капитализиран и во 2018- тата и 2019- тата. На прашањњто на што се должи помалиот раст што за Македонија го проектираат меѓународните финансиски организации, Богов вели- растот беше помал од тој што го предвиделе и затоа проекциите за годинава се намалени.

Сузана Фиданска- Стоевска