Собрание на РМ

Специјалната обвинителка Јанева реферираше пред пратениците

03.05.2018 17:05

Јанева го презентираше последниот извештај пред пратениците. За ВМРО-ДПМНЕ се спорни новите истраги, од партијата сметаат дека се прекршува Законот за СЈО. Специјалната обвинителка побара отстранување на сите правни пречки за непречено функционирање на институцијата. За СДСМ, ова обвинителство ги исполнило очекувањата...

Петнаесет обвиненија до март 2017-та и три нови истарги- „Моќник“, „Актор“, „Попис“, до почетокот на годинава- ова е наведено во последниот извештај на СЈО. Јанева реферираше пред пратениците.

За ВМРО-ДПМНЕ се спорни новите истарги, од партијата сметаат дека се прекршува Законот за СЈО. Според пратеникот Зоран Илиоски, ова предизвикува правна несигурност во државвта. За Јанева, во Закон е точно определен рокот за покренување на обвиненија.

Специјалната јавна обвинителка побара отстранување на сите правни пречки за непречено функционирање на СЈО. Опозицијата од неа побара отчет за потрешените пари, а забелешки имаше и за изборот на вештаците. Критики за извештајот и од Алијансата на Албанците.

За СДСМ, Специјалното јавно обвинителство ги исполнило очекувањата. Специјалната обвинителка, Јанева смета дека е подобрена соработката со институциите.

Марина Стојанова- Тонева