НБА

Новицки го доби Ентони!

25.02.2014 15:04

Решавачкиот кош го постигна Дирк Новицки со шут над Кармело Ентони во последната секунда пред сирената...

Далас ја оствари третата победа на гостински терен едноподруго во кошаркарската НБА лига. Решавачкиот кош го постигна Дирк Новицки со шут над Кармело Ентони во последната секунда пред сирената. Германецот изброја 15 поени во „Медисон сквер гарден“ и беше јунак во дуелот, иако Ентони даде 29 повеќе.

Во одлична низа е и Голден Стејт кој ноќеска го совлада Детроит со 104-96. Блесна Стивен Кари со 19 поени, девет асистенции и осум скока, а со таков ефект противникот немаше шанса да постави рампа за четвртата победа по ред на Голден Стејт.

Лос Анџелес Клиперс немаа проблеми против Њу Орлеанс. Во победата со 123-110, Блејк Грифин се вгради со 22 коша, а Крис Пол со 19, но и со дури 13 асистенции. Убедлив беше и Милвоки против Филаделфија со 130-110, а за изненадување се смета лесниот триумф на Јута против Бостон со 110-98.

НБА лига:

Филаделфија – Милвоки 110-130

Детроит – Голден Стејт 96-104

Њујорк – Далас 108-110

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс

Јута – Бостон 110-98