Пчеларство

Пчеларите очекуваат добра година

04.05.2018 10:28

По ланската исклучително лоша, годинава им се погоди на пчеларите. Предвидуваат полни кошници и производство кое ќе треба да достигне од 25 до 30 килограми мед наспроти лани кога едвај собрираа од 2 до 5 килограми од пчелно семејство.

Во претстојната производствена сезона одгледувачите на пчели очекуваат дека ќе се соберат од 25 до 30 килограми мед по пчелно семејство. Временските условите засега се на нивна страна и се надеваат на добра година и на полни кошници.

Пчелните семејства добро се развиваат поради што предвидувањата се дека ќе има доволно полни тегли мед за се достигне просекот од добрите години кога се произведуваше повеќе од 30 килогрими. Ако временските услови дозволат може и повеќе , велат пчеларите. Не е исклучено, на некој места да се добијат дури и 100 килограми од кошница колку што е максимумот во нашава земја.

Минатата беше една од најлошите години во оваа гранка. Багремот измрзна. Со два до пет килограми по пчелно семејство мед немаше доволно ни за да се прехранат и пчелите.

Годинава проблем јави единствено со болеста ноземоза која ги празни кошниците, а штетите допрва ќе се утврдуваат особено во Кичевско.

Оваа болест беше присутна и претходните години, но во ова сезона се прошири до размери на епидемија.

 

Методија Трајков