Ново рочиште за случајот „ТНТ“
Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Во Кривичниот суд денеска судење за предметот „ТНТ“, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.
Според обвинителниот акт, со уривањето е предизвикана штета од 16 милиони евра, а штетата во буџетот на општина Гази Баба изнесувала три милиони денари.
