Седници на три собраниски комисии
04.05.2018 10:34
На дневен ред на Комисијата за економски прашања е јавната расправа по предлогот на Закон за енергетика. Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе го разгледа извештајот на Европската комисија за Република Македонија...

Во Собранието за денеска се најавени седници на три парламентарни комисии. На дневен ред на Комисијата за економски прашања е јавната расправа по предлогот на Закон за енергетика.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе го разгледа извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018-та година, додека Комисијата за култура ќе расправа по предлог- одлука за организирање надзорна расправа за статусот на Охрид и охридскиот регион како светско природно и културно наследство.
