ГРЦИЈА

Ципрас: Без договорот ЕУ- Турција ќе беше полошо

04.05.2018 10:41

Потенцираше дека рамката значително го ограничила приливот на мигранти од Турција, иако илјадници баратели на азил останале заглавени на грчките острови.

Обидувајќи се да го смири гневот кај жителите на островот Лезбос, грчкиот премиер Алексис Ципрас им ги потенцираше предностите на договорот меѓу ЕУ и Турција од 2016 година.

Потенцираше дека рамката значително го ограничила приливот на мигранти од Турција, иако илјадници баратели на азил останале заглавени на грчките острови. Во протестите против Ципрас се приведени две лица.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата и новинарските екипи.