РАМАЛА

Палестинскиот лидер Махмуд Абас реизбран за шеф на ПЛО

04.05.2018 11:56

Одлуката е донесена по четиридневниот состанок на Палестинското национален совет.

Палестинскиот лидер Махмуд Абас беше реизбран за претседател на Извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Одлуката е донесена по четиридневниот состанок на Палестинското национален совет.

Во својот говор, Абас порача дека постои шанса да се воспостави единствен фронт против Израел и САД откако Вашингтон го прогласи Ерусалим за изралеска престолнина.