Годинава без Нобелова награда за литература
Во ноември, беше ангажирана адвокатска фирма да ги истражи обвинувањата на 18 жени за сексуално вознемирување од сопругот на поетесата Катарина Фростенсон, којашто е член на академијата.

Поради секс- скандал, Шведската академија годинава не ја доделува Нобеловата награда за литература. Во ноември, беше ангажирана адвокатска фирма да ги истражи обвинувањата на 18 жени за сексуално вознемирување од сопругот на поетесата Катарина Фростенсон, којашто е член на академијата.
Фростенсон, пак, се соочува со обвиненија дека ги прекршила правилата за конфликт на интереси на академијата, со тоа што не открила дека е ко-сопственик на место коешто го водел нејзиниот сопруг, кој претходно добивал средства од Академијата.
По неуспешното гласање за исклучување на Фростенсон, неколку членови се повлекоа или формално побараа да поднесат оставка.
Годинашниот добитник ќе биде прогласен паралелено со победникот за 2019-та година.
