Кривичен суд

Заев денеска нема да сведочи на рочиштето за Села, се гледаат видео снимките од инцидентот

04.05.2018 12:27

Во судница не дојде ниту пратеникот Влатко Ѓорчев кој исто така е повикан за сведок. Судијата констатираше дека поканата не ја примил Ѓорчев туку неговата куќна помошничка.

Премиерот Зоран Заев денеска нема да сведочи во процесот во кој им се суди на десетмина за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Заев го информирал судот дека е спречен да дојде на рочиштето поради работни обврски.

Во судница не дојде ниту пратеникот Влатко Ѓорчев кој исто така е повикан за сведок. Судијата констатираше дека поканата не ја примил Ѓорчев туку неговата куќна помошничка.

Рочиштето продолжи во доказна постапка со емитување на видео снимките од инцидентот.