Обвинета во случајот „ТНТ“ претепана во Катланово за 1-ви мај

04.05.2018 12:29

Барањето за одложување на главната расправа стигна од нејзиниот бранител кој го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати во викендичката во Катланово и со возило на итната медицинска помош биле пренесени во болница.

Марика Зафироска која е обвинета во случајот за уривањето на комплексот Космос била претепана на 1-ви мај и поради лекување не дојде на рочиштето.

Барањето за одложување на главната расправа стигна од нејзиниот бранител кој го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати во викендичката во Катланово и со возило на итната медицинска помош биле пренесени во болница.

Лекарите констатирале повреди на нозете, главата и ’рбетот поради што ја упатиле на боледување до 15-ти мај.

Ново рочиште е закажано за 11-ти јуни.