Шекеринска- Каракачанов: Македонија и Бугарија сакаат мир на Балканот и добри соседски односи
„Македонија во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде голем плус за нас, но и голем плус за нашите соседи и за безбедноста на целиот регион“, изјави министерката за одбрана, Шекеринска.

Македонија и Бугарија сакаат мир на Балканот и добри соседски односи, изјавија министерите за одбрана, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов по средбата во Софија во знак на подобрените односи меѓу двете земји.
„Македонија во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде голем плус за нас, но и голем плус за нашите соседи и за безбедноста на целиот регион“, нагласи министерката за одбрана, Шекеринска.
„Бугарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО, бидејќи ние сме први соседи и блиски пријателски држави. Наш приоритет е Западниот Балкан да има јасна перспектива за интеграција во НАТО и во ЕУ. Босна и Херцеговина, Косово, Македонија се кандидати за членство, но Македонија има успешно направено најмногу реформи и е најдалеку отидена на патот кон членство“, рече бугарскиот министер за одбрана, Каракачнов.
На 6-ти мај, на Денот на храброста на бугарските вооружени сили на парадата во главниот бугарски град ќе учествуваат и припадници на АРМ.
