Одбележани 115 години од смртта на Гоце Делчев
На гробот на великанот во црквата Свети Спас во Скопје, свежи цвеќиња положија делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, група пратеници од Собранието, претставници на Кабинетот на претседателот Иванов...

Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на македонскиот Револуционер Гоце Делчев.
На гробот на великанот во црквата Свети Спас во Скопје, свежи цвеќиња положија делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, група пратеници од Собранието, претставници на Кабинетот на претседателот Иванов, делегација од Армијата на Република Македонија, од политичките партии, од Градот Скопје, Матица на иселениците, Светскиот Македонски Конгрес, универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од училишта од земјава што го носат неговото име, од здруженијата на борците, Егејците, пензионерите и граѓани.
Богослужба за Делчев и сите паднати борци за слободата на Македонија одржа Архиепископот охридски и македонски, Господин Господин Стефан со свештеници од Македонската Православна Црква.
