Иванов: Богов е најквалитетното решение

04.05.2018 13:10

Претседателот Иванов остварил средби и со други потенцијални кандидати, меѓу кои и со Фатмир Бесими. Од ниту едно лице немало забелешка за работата на гувернерот Богов. Преовладувал ставот оти тој заслужува втор мандат и дека е најдоброто решение, кое е потврдено и во извештаите на ЕК.

Претседателот Иванов по извршените консултации со Сојузот на стопански комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции, го предложи актуелниот гувернер Димитар Богов како најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција, соопштуваат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Додаваат дека Иванов за ова го информирал и премиерот Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Претседателот Иванов остварил средби и со други потенцијални кандидати, меѓу кои и со Фатмир Бесими. Од ниту едно лице немало забелешка за работата на гувернерот Богов. Преовладувал ставот оти тој заслужува втор мандат и дека е најдоброто решение, кое е потврдено и во извештаите на ЕК.

Согласно со своите овластувања, Иванов на 27-ми април го доставил предлогот до Собранието на Република Македонија, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.