Политички партии
ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг надмина пет милијарди евра
04.05.2018 13:15
Според партијата, продолжува задолжувањето врз грбот на граѓаните. СДСМ ја носи државата во сигурен и загарантиран банкрот.

Катастрофалното и расипничко трошење на власта го проби плафонот и за прв пат јавниот долг во Република Македонија е над 5 милијарди евра, а државниот долг над 4 милијарди евра, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, продолжува задолжувањето врз грбот на граѓаните. СДСМ ја носи државата во сигурен и загарантиран банкрот.
Со самото преземање на власта од криминалниот картел на чело со Зоран Заев, сите проекти и инфраструктурни зафати беа запрени, а на сметка на тоа не беа почнати нови проекти и нови инвестиции, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
