ЕЛЕМ: Продадени вишоци електрична енергија за 3,8 милиони евра

04.05.2018 13:21

Продажбата на електрична енергија која беше реализирана, ќе овозможи зголемување на производството во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото...

Вчера Електрани на Македонија продале вишоци на електрична енергија за износ од 3,8 милиони евра. Била продавана така наречена базна енергија, за месеците јуни, јули и август. Била понудена и врвна енергија, но поради понудената ниска цена, од само 44 евра за мегават не била извршена продажба, соопшти АД ЕЛЕМ.

Продажбата на електрична енергија која беше реализирана, ќе овозможи зголемување на производството во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата, стои во соопштението.