Китев: За поддршка на инвестициите има 18,3 милиони евра

04.05.2018 13:27

Пратениците од парламентарното мнозинство го усвоија Законот за финансиска поддршка, чија основна цел е преку поддршката на инвестициите да се зголеми конкурентноста на македонските компании за тие да може рамноправно да учествуваат и на меѓународниот пазар...

СДСМ и коалицијата создаваат подобри и еднакви услови за поддршка на домашните и странските компании, соопшти владејачката партија. За една година се обезбедени 18,3 милиони евра, изјавија од СДСМ.

Финансиските средства за поддршка на инвестициите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за оваа 2018-та година обезбедени се 18,3 милиони евра- изјави Бетиан Китев, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите ќе се поддржат компаниите што покажале просечен раст на приходот и не го намалиле просечниот број вработени во истиот период во споредба со годината за која побаруваат државна помош.