Метео: Променливо облачно и топло време за викендот

04.05.2018 15:05

Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Не е исклучена можноста за појава на краткотрајно невреме и во Скопската котлина.

Во текот на викендот во Македонија се очекува променливо облачно и натаму топло време со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Не е исклучена можноста за појава на краткотрајно невреме и во Скопската котлина.

Утре максималната температура ќе достигне до 30, а во недела до 29 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска