Димитров: Разговаравме за одредени комбинации

04.05.2018 15:05

Димитров и Коѕијас се сретнаа на маргините на третиот квадрилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и на Албанија...

Во Солун заврши средбата меѓу шефовите на диломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Тие се сретнаа на маргините на третиот квадрилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и на Албанија.

„Разлики уште има. Ова што вчера и денес го направивме, испитувавме комбинации што едната и другата страна би можеле да ги прифатат. Тоа е нашата задача. Треба за овие елементи да разговараме дома и поплодно да ја искористиме наредната средба. Зборот ќорсокак не би го употребувал. Влогот е многу голем“, рече Димитров на одговор на новинарско прашање.

Димитров додаде дека следната недела ќе се одржи уште една средба со Коѕијас, по што ќе следи средба во посредство на медијаторот Метју Нимиц.