Владата најавува повисоки плати за полициските службеници
Осум илјади полицајци од земјава се соочуваат со проблеми. Решенијата се обврска и на Владата, посочи премиерот Заев пред македонскиот полициски синдикат. Оттаму очекуваат повисоки плати. Има подготвеност за дијалог. Опозицијата забележува на лошите услови за работа на Специјалните единици...

Договорот за повисоки плати на дел од полицајците со пониски примања кој треба да се постигне со Министерството е во завршна фаза. Првиот човек на полицискиот синдикат очекува деновиве да им соопшти на колегите позитивни вести. Наскоро полицајците ќе добијат и нови униформи, возила и техника неопходна за работа.
Од Владата велат дека се отворени за дијалог. Реформите во МВР, вели премиерот Заев, ќе ја вратат довербата на граѓаните во полицијата.
Опозицијата не го дели оптимизмот на синдикатот и на Владата. Велат дека специјалците во МВР имаат очајни услови за живот. Освен лошата исхрана, во простории кадешто престојуваат припадниците на ЕБР немало топла вода за туширање, а на повеќе од 1500 специјалци не им се исплатени парите за прекувремена работа.
МПС деновиве е домаќин на состанокот на Извршниот комитет на Советот на европските полициски синдикати што се одржува во Скопје.
Анита Димитријевска
