Закон за енергетика: Најмногу забалешки за надлежностите и независноста на РКЕ
Во Собранието, јавна седница за Предлог- законот за енергетика. Најмногу забелешки за надлежностите и за независноста на регулаторната комисија. Од Европската енергетска заедница бараат граѓаните да не се плашат од либерализацијата на пазарот. Надлежните уверуваат- забелешките за решението ќе бидат земени предвид...

Граѓаните да не се плашат од целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, Предлог- законот за енергетика ги нуди сите неопходни инструменти- убедува првиот човек на Европската енергетска зедница, Јанез Копач на првата јавна расправа во матичната Комисија за економски прашања. Копач со став- законот е усогласен со европските директиви, носи сигурност и можност за интервенција доколку нешто не оди како што треба.
„И со постојниот Закон за енергетика до 2020-та година ќе се овозможеше целосна либерализација на енергетскиот пазар, но новиот закон овозможува правна основа за развој на систем операторите, надминување на спорот помеѓу ГАМА и МЕР. Кај Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) законот носи нови надлежности, но не и една надлежност која како Секретаријат ја дадовме, а со која ќе може да покрене прекршочна постапка и да изрекува парични казни“, вели Јанез Копач, претседател на Европската енергетска заедница.
Според консултантите, во законот стои дека Регулаторната комисија за енергетика врши надзор на работењето на вршителите на регулирани енергетски дејности и има право да поведе прекршочна постапка пред надлежен суд.
Од невладиниот сектор предлог- новите членови на Регулаторната комисија за енергетика пред изборот во тоа тело да не членувале во органи на управување и надзор во енергетски компании, да се намали мандатот од пет на три години и наместо пет бруто плати да им се исплаќаат по три.
„Бараме и поништување на тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од РКЕ, бидејќи сметаме дека тој е нестручно донесен и дека во неговото донесуавње не е консултирано стручно тело“, посочува Марјан Ненов од НВО „Но Пасаран“.
Вицепремиерот Анѓушев убедува дека законот носи добро за граѓанирте, обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор и поквалитетни услуги. Механизмот на избор на универзален снабдувач, вели, ќе биде избран на јавна постапка, ќе обезбеди заштита на крајните потрошувачи на енергенси.
„ЕЛЕМ мора да стане профитабилен, и тоа го правиме. 16 милиони евра загуба во Осломеј да ги снема, на местото на рудникот да има фотоволтаици, ветерни електрани од два проекта итн. Сето тоа за ЕЛЕМ да застане на нозе и да може да се бори во реалната економија“, изјави вицепремиерот Анѓушев.
Преку воведување на премиум тарифите се дава можност за отворање нови локации за изградба на фотоволтаични централи, а инвеститорите ќе имаат можност произведената струја да ја продаваат на слободен пазар- посочи Анѓушев на првата јавна расправа за Законот за енергетика на матичната Комисија за економски прашања.
Марина Стојанова- Тонева
