Протести пред инаугурацијата на Путин
Мнозинството Руси се задоволни што постигнал напредок и придонел за стабилноста на земјата, а дел се револтирани од, според нив, ограничувањето на човековите права и медиумски слободи.

Протести пред инаугурацијата на Владимир Путин, кој по 18 години на власт, по четврти пат дава свечена заклетва за претседателски мандат со што во Кремљ ќе остане до 2024 година. Мнозинството Руси се задоволни што постигнал напредок и придонел за стабилноста на земјата, а дел се револтирани од, според нив, ограничувањето на човековите права и медиумски слободи.
„Путин не е способен да ја води земјава. Имаше 18 години за тоа и не направи ништо. Треба да си замине и да им ја остави Русија на политичарите коишто сакаат да дејствуваат. Нека си замине засекогаш“, вели еден протестант.
Сепак, Еден од приротитетите на Путин во однос на глобалната сцена е да се обнови руското влијание. По припојувањето на полуостровот Крим, тој се соочи со нерсогласување на западот. Русија во јуни е едномесечен домаќин на светското фудбалско првенство, се очекуваат над милион туристи.
