Средба Иванов- Заев за избор на нов гувернер на НБРМ
Премиерот Заев изјави дека не го поддржува предлогот на Иванов, Димитар Богов повторно да биде избран на оваа функција. Иванов го предложи Богов по консултациите на Сојузот на стопански комори, Здружението на банкарството, МАНУ, притоа водејќи се од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предложил за реизбор...

Денеска треба да се одржи втора средба меѓу претседателот Иванов и премиерот Заев за изборот на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, чиј мандат истекува на 21-ви мај.
Претходно Заев изјави дека не го поддржува предлогот на Иванов, Димитар Богов повторно да биде избран на оваа функција. Иванов го предложи Богов по консултациите на Сојузот на стопански комори, Здружението на банкарството, МАНУ, притоа водејќи се од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предложил за реизбор- велат во Кабинетот на претседателот.
Мандатот на гувернерот е седумгодишен.
