Влада на РМ

Шаќири времено ангажиран како надворешен соработник за борба против радикализмот

07.05.2018 10:57

Оттаму наведуваат дека Шаќири има времен договор од една година и месечна плата од 36 илјади денари.

Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник во Кабинетот на премиерот Зоран Заев за внатрешната безбедност и борба против радикализмот- соопшти владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека Шаќири има времен договор од една година и месечна плата од 36 илјади денари.

По информациите дека Шаќири, алијас Командант Хоџа, викендов е назначен за Советник за безбедност, тој на својот Фејсбук профил напиша дека „функцијата ја добил за да преживее“.