Невреме и пороен дожд низ Македонија

07.05.2018 11:00

Поради изобилните дождови, на одредени места имаше проблеми во сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Скопскиот и други региони низ земјава вчеравечер ги зафати невреме, со интензивен дожд и грмотевици. Во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје беа пристигнати дојави за поплавени објекти во Црешево и во Стајковци.

Поради изобилните дождови, на одредени места имаше проблеми во сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Најмногу дожд наврна во Куманово и во Скопје- 36, односно 34 литри на квадратен метар. И денеска треба да биде облачно со нови врнежи попладне.