САД

Џонсон во обид да го премисли Трамп за Иранскиот договор

07.05.2018 11:20

Обединетото Кралство и европските сојузници имаат рок до 12 мај да го премислат Трамп, којшто е силен противник на договорот подготвен од администрацијата на неговиот претходник Барак Обама, со потписи од Русија и од Кина.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон е во официјална посета на Вашингтон каде што се обидува да го убеди челникот на Белата куќа Доналд Трамп да не се откаже од Иранскиот договор за нуклеарно оружје. 

Документот го обврзува Техеран да ги ограничи нуклеарните активности за да добие олеснување на економските санкции. Обединетото Кралство и европските сојузници имаат рок до 12 мај да го премислат Трамп, којшто е силен противник на договорот подготвен од администрацијата на неговиот претходник Барак Обама, со потписи од Русија и од Кина.

Техеран веќе најави контрамерки за САД, а францускиот претседател Макрон оцени: Ако Трамп се повлече од договорот, можна е нова војна.