Судењето за „Тортура“ одложено за 13-ти јуни
Случајот „Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6-ти јуни 2011-та година, ден по предвремените парламентарни избори.

Поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски, рочиштето за предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 13-ти јуни. Одбраната достави медицинска документација, за која тврди дека го оправдува неговото отсуство од денешното рочиште.
Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски побара документацијата да биде посериозна бидејќи, според него, од денеска доставената можело да се види само дека Станковски примал некоја терапија. Судијката Александра Ристевска побара на следното рочиште да биде доставена дополнителна медицинска документација.
Случајот „Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6-ти јуни 2011-та година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во овој случај обвинети се поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“ Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
