Ќе се креира нов модел за поддршка на фирмите
Власта на разговори со компании од текстилната индустрија. Бизнисмените се пожалија дека се соочуваат со многу проблеми, недостиг од работници, застарени машини, жестока конкуренција...

Владата ќе изнајде нови модели и мерки за да им помогне на текстилната и на кожарската индустрија кои се специфични, трудоинтензивни гранки, вработуваат голем број работници, но бараат и сериозни инвестиции, најави вицепремиерот Анѓушев, по средбата со текстилците, вчера во Штип.
Биле разгледувани неколку модели што се користат во други земји, а по анализите некој од нив ќе биде преточен во ново законско решение. Со новите законски решенија домашните текстилни фабрики ќе можат да ги зголемат платите на вработените од една страна, а од друга тоа да не влијае драстично на зголемување на цената на услугите на странските пазари, велат од текстилниот кластер.
Домашните компании сметаат дека македонската текстилна индустрија има иднина, но најважно е да се направи добар баланс меѓу цената на услугата, платите и другите трошоци.
Новите мерки на поддршка ќе овозможиат текстиланата индустија да застане на нозе сметаат од Кластерот, а поскапувањето на текстилните производи што доаѓаат од Кина, Индија и Турција ќе создаде дополнителен простор, преку конкурентни цени, македонските компании да го потврдат квалитетот на европскиот пазар.
Свето Николовски
