Костовски: Законот за јазиците сѐ уште не е пристигнат во „Службен весник“

07.05.2018 12:20

„Службен весник“ како одговорна институција ќе постапи согласно Уставот и законите што се однесуваат на објавување на сите прописи- изјави директорот на оваа институција...

Законот за употреба на јазиците сѐ уште не е пристигнат во „Службен весник“, изјави денеска директорот на ЈП „Службен весник“, Мартин Костовски.

„Сѐ уште не е пристигнат законот во просториите на „Службен весник“. „Службен весник“ како одговорна институција ќе постапи согласно Уставот и законите што се однесуваат на објавување на сите прописи“, изјави Костовски, и нагласи дека медиумите ќе бидат благовремено известени кога законот ќе пристигне.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери минатата недела најави дека има намера да го испрати Законот за употреба на јазиците за објавување до Службен весник, но не прецизира кога тоа ќе се случи.